• 66. Новите германски реформи: што значат за Македонците?
    2026/07/17

    Во оваа епизода зборуваме за најавените реформи на германската влада и што тие значат за Македонците во Германија. Најмногу внимание посветуваме на Westbalkanregelung, Minijob и Elterngeld, објаснуваме што е веќе договорено, што сè уште е само предлог и кои се најчестите критики. На крајот разговараме и за пошироките политички последици и како овие реформи би можеле да влијаат врз иднината на Германија.

    続きを読む 一部表示
    56 分
  • 65. Страв од промена - Зошто остануваме таму каде што не сме среќни?
    2026/07/10

    Добредојдовте во нова епизода од нашиот подкаст.

    Во изминатиот период разговаравме за теми што допираат многу луѓе. Почнавме со прашањето дали, и покрај тоа што сме постојано поврзани преку социјалните мрежи, всушност стануваме сè поосамени. Потоа зборувавме за чувството „не сум доволно добра“, за перфекционизмот и за тоа како нашиот внатрешен критичар честопати ни поставува нереални очекувања. Во последната епизода се задржавме на overthinking – кога умот не престанува да анализира, да создава сценарија и да нè држи заробени во сопствените мисли.

    Ако ги погледнеме сите овие теми, ќе забележиме дека имаат една заедничка нишка. Стравот. Страв да не бидеме отфрлени. Страв да не погрешиме. Страв дека не сме доволно добри. И многу често, страв да направиме чекор кон нешто ново.

    Токму затоа денес зборуваме за стравот од промена.

    Зошто остануваме во ситуации што одамна не нè прават среќни? Зошто понекогаш повеќе се плашиме од можноста да ни биде подобро отколку од сигурноста дека не сме добро? И како да направиме промена, иако стравот сè уште е тука?

    За сето тоа ќе разговараме во денешната епизода. Останете со нас.

    続きを読む 一部表示
    52 分
  • 64. Overthinking – Кога умот не ни дава мир
    2026/07/03

    Добредојдовте во нова епизода.

    Во изминатиот период зборувавме за тоа како социјалните мрежи влијаат врз нашето чувство на поврзаност, дали навистина нè зближуваат или, понекогаш, нè прават уште поосамени. Потоа разговаравме за чувството „не сум доволно добра“ и за перфекционизмот – како постојаната потреба да бидеме совршени може да стане товар наместо мотивација.

    Но зад сите овие теми често се крие уште нешто. Еден внатрешен процес што речиси секој од нас го доживува – постојаното размислување, анализирање и преиспитување.

    Колку пати сте се фатиле себеси како повторно го вртите истиот разговор во главата? Или размислувате што требало да кажете, што ќе се случи утре или дали сте донеле вистинска одлука?

    Токму за тоа ќе зборуваме денес.

    За overthinking – кога умот не ни дава мир, како да препознаеме кога размислувањето престанува да ни помага и станува товар, и како да изградиме поздрав однос со сопствените мисли.

    Затоа, останете со нас.

    続きを読む 一部表示
    44 分
  • 63. Пepфекционизам – Сила или пречка?
    2026/06/26

    Денес ќе зборуваме за една тема со која многу луѓе се соочуваат - перфекционизмот.

    Често го гледаме како желба да бидеме подобри и да постигнуваме повеќе, но понекогаш зад него се крие нешто подлабоко – стравот од грешка, стравот од критика и чувството дека никогаш не сме доволно добри.

    Перфекционизмот може да нè мотивира, но може и да нè зароби во постојан притисок, сомнеж и незадоволство.

    Во оваа епизода ќе зборуваме како настанува, како влијае на нашиот ум и кои чекори можат да ни помогнат да живееме со повеќе слобода и прифаќање на себеси.

    続きを読む 一部表示
    31 分
  • 62. Не сум доволно добра! Не сум доволно добар!
    2026/06/19

    Тоа е реченица што не се слуша гласно. Не ја кажуваме често пред другите, но живее во нашите мисли. Се појавува кога ќе згрешиме, кога ќе не одбијат. Кога ќе видиме некој што ни изгледа поуспешен, поубав, посреќен, побогат или посигурен од нас.

    И токму затоа се муабетиме денес за ова чувство. Не за да го оттргнеме или негираме, туку да го разбереме.

    続きを読む 一部表示
    48 分
  • 61. Дали сме повеќе поврзани или повеќе осамени?
    2026/06/05

    Живееме во време кога можеме да му пишеме на секого во секој момент, да видиме што прави, каде е и како изгледа неговиот ден. Никогаш не сме биле толку достапни и толку поврзани на екран. Но зад таа постојана комуникација се крие едно многу важно прашање: дали навистина сме поблиски, или само почесто сме во контакт? Во оваа епизода зборуваме за односите, за осаменоста, за социјалните мрежи и за тоа што денес навистина значи да бидеш поврзан со некого.

    続きを読む 一部表示
    56 分
  • 60. Мајка-Дете , Татко-Дете, превенција или рехабилитација / Mutter-Kind Kur, Vatter-Kind Kur
    2026/05/22

    Што преставува оваа мерка, за кого е наменета, како изгледа престојот, што е потребно за апликација, што ако ве одбијат и можеби најважното, како да препознаете дали ова можеби токму и вам ви е потребно.

    続きを読む 一部表示
    44 分
  • 59. Како да побараш покачување на плата
    2026/05/15

    Тема која за многумина од врабитените е табу, и ретко кој ја зборува гласно. Во оваа епизода нема да добиете магично ветување дека секој ќе добие покачување утре, но ќе добиете алатки како да не влезете „на емоции„ туку со аргументи, факти и јасно барање.

    続きを読む 一部表示
    57 分